Supporta

е нов бренд за внатрешни врати, со висок квалитет и модерен дизајн. Со користењето на напредните технологии во процесот на производство, со помош на домашните вештини и знаења, обезбедивме висока продуктивност и ефикасност, а со самото тоа и економичност на квалитетните модерни врати. Во соработка со италијанските дизајнерски куќи, каде што посебно внимение се посветува на функционалноста и на секој детал на изработка, но и на севкупното естетско доживување, вратите се дизајнирани така да бидат и украс на секој простор.

Се изработуваат во согласност со европските норми, од најквалитетни еколошки материјали од светски познатите производители, со што се осигурува стабилноста на квалитетот, и како најважно, задоволството на купувачите. Линијата SUPPORTA со своите декори ги следи современите трендови за уредување на просторот. Внатрешните врати SUPPORTA покрај високиот стандард на квалитет ги исполнуваат и сите естетски барања на модерниот начин на живеење и работење. Уникатниот дизајн и пристапната цена ги прават неизоставен дел на Вашиот ентериер.

SUPPORTA ги задоволува естетските барања на дизајнерите на ентериери, како линија на врати со современи и провокативни декори со исклучителна завршна обработка. Функционални и елегантни, им одговараат на сите станбени типологии и различни стилови на внатрешно уредување.
Оригиналниот органски дизајн, на ненаметлив начин ги доловува природните структури, а единствената шарка остава впечаток на рачно изработени врати. Токму несовршеноста на природните форми, природата ја прават совршена.